Ррускиот претседател Владимир Путин, својата љубовница Алина Кабајева и нејзините деца ги крие на тајна локација во Швајцарија, тврдат извори за британски Mirror. Тие тврдат дека тој ги крие во куќа додека трае војната во Украина.
Путин со гимнастичарката и руската олимпијка наводно има два сина и близнаци. Алина е една од руските гимнастичарки со најголем број медали во историјата и е златна олимпијка. Од одамна се шпекулира дека на Путин му има родено деца уште додека бил во брак со Људмила.
Со Људмила тој има две полнолетни ќерки кои имаат свои кариери. Едната е спортистка и танчерка, а другата има бизнис и не се занимава со политика. И двете не сакаат многу да се појавуваат во јавноста и да бидат во центарот на медиумите.
Западните европски медиуми во неколку наврати пишуваа дека Алина има четири деца со Путин, иако тој тоа досега никогаш го нема потврдено.
„Додека Путин ја напаѓа Украина и нејзините граѓани и предизвикува бегалска криза, неговото семејство е сокриено во една приватна и многу безбедна куќа некаде во Швајцарија. Алина со Путин има два сина и близнаци кои се родени таму. Сите деца имаат швајцарски пасоши, а претпоставуваме дека има и таа“, тврдат изворите за „Мирор“.
Во кариерата во ритмичка гиманстика, Кабајева има освоено два олимписки метали, во Сиднеј и Атина. Има освоено и 14 медали на светските првенства и 21 на Европските првенства.
За Путин тие велат дека го презира секое шпекулирање и ѕиркање во неговиот приватен живот.
„Имам приватен живот и не сакам и не дозволувам никој да ми се меша во него. Тоа мора да се почитува“, рече во една прилика рускиот претседател Путин.
Тој беше во брак со стјуардесата Људмила Путин околу 30 години. Во 2013 година објавија дека се разведуваат. Тие се појавија на државната телевизија откако заедно гледаа претстава по балет. Путин призна дека гласините дека тој и Људмила повеќе не живеат заедно.
„Таа ја одработи својата смена како прва дама на Русија“, рече Путин.
„Нашиот брак е готов затоа што едвај се гледаме. Владимир целосно ѝ се посвети на работата. Децата ни пораснаа и секоја од нив си го живее својот живот. А и јас не сакам многу публицитет“, рече тогаш Људмила.
Низ годините Путин го следеа гласини за афери, нешто што тој отсекогаш го негирал. Неговиот политички противник Алекси Навални еднаш изјави дека тој се ожени со поранешната олимписка гимнастичарка Кабајева на тајна церемонија.