Бритни Спирс изгуби на суд, татко ѝ Џејми Спирс останува нејзин старател

пред 3 години

Пејачката Бритни Спирс го изгуби судскиот спор, во кој таа бараше да се прекине старателството на нејзиниот татко врз неа и конечно да може да биде слободна.

Судијата Бренда Пени, која го надгледуваше нејзиниот случај, го одби нејзиното барање, само неколку дена откако таа јавно прозборе дека се чувствува како заробеник.

„Трауматизирана сум. Си го сакам својот живот назад“, рече Бритни меѓу останатото.

Бренда во средата ја потпишала новата пресуда, со која таткото на Бритни, Џејми Спирс и понатаму ќе има контрола над нејзиниот живот.

Деталите од пресудата ќе бидат објавени наскоро, пишуваат медиумите, а се очекува да биде поднесена и нова петиција за слобда на Бритни.

Бритни пред неколку дена јавно прозборе за нејзината состојба и побара таа да ја превземе контролата над нејзините финансии и живот. Нејзиниот татко Џејми, веќе 13 години има целосна контрола над неа, откако Бритни доживеа нервен слом.

Share
Scroll to Top