Бронзени статуи стари 2300 години се пронајдени во Италија

Бронзени статуи стари 2300 години се пронајдени во Италија

пред 2 години

Италијанските археолози во Тоскана открија 24 одлично сочувани бронзени статуи за кои се верува дека датираат од времето на Антички Рим. Статуите се откриени под калливите остатоци на античка бања во Сан Касиано дел Бањи, во провинцијата Сиена, околу 160 километри северно од Рим. Статуите ги прикажуваат Хигеја, Аполон и други грчко-римски богови, а се верува дека се стари околу 2300 години, пренесе „Би-би-си“.

dobivaj vesti na viber

Експертите велат дека откритието може одново да ја испише човечката историја.

„Освен статуите, пронајдени се и околу 6.000 бронзени, сребрени и златни пари. Повеќето статуи датираат помеѓу 2 век п.н.е и 1 век од нашата ера. Ова е период на голема трансформација на античката Тоскана, кога областа се смени од етрурско во римско владеење“, рекол италијанскиот министер за култура.

Статуите, кои биле зачувани во водата, ќе бидат пренесени во лаборатиорија за реставрација во Гросето, а потоа ќе бидат изложени во новиот музеј во Сан Касиано.

Share
Scroll to Top