„Вајтснејк“ го откажа остатокот од европската турнеја од здравствени причини, па така и концертот во Скопје требаше да се одржи на 12 јули.
„Со жалење мора да објавиме дека поради континуирани здравствени предизвици, лекарски наредби и нашата грижа за здравјето и безбедноста на сите, ‘Вајтснејк‘ не е во можност да продолжи со својата проштална европска турнеја. Се извинуваме на сите фанови, промотери и луѓе кои напорно работеа на овие концерти“, напиша Кавердејл на официјалната интернет страница на групата.
И „Авалон“ продукција кој беа организатори на скопскиот концерт ја потврдија веста.
“ Вајтснејк и Дејвид Кавердејл поради здравствени причини на Кавердејл покрај претходно откажаните четири концерта,го откажа и остатокот oд европската турнеја во кој од седум концерта, три требаше да бидат во организација на Авалон Продукција; Скопје, Белград и Сарајево. За сега, немаме информација дали концертите ќе имаaт нов термин и поради тоа ќе вршиме целосна рефундација на средствата“, велат од Авалон.
Минатиот месец, „Вајтснејк“ откажа три концерти, меѓу кои и оној во Загреб, откако Кавердејл добил инфекција на синусот и душникот.