(Видео) Бил Клинтон бил на островот на педофилот Џефри Епстајн

(Видео) Бил Клинтон бил на островот на педофилот Џефри Епстајн

пред 6 месеци

Четириесет и вториот американски претседател Бил Клинтон, бил на островот на осудениот педофил Џефри Епстајн.

Според дневниците на Епстајн, Клинтон летал повеќе од десетина пати со приватниот авион на милијардерот, на местото каде наводните жртви тврдат дека биле сексуално злоставувани.

Дека поранешниот американски претседател, го посетил приватниот остров на Епстајн, Литл Сент Џејмс, тврди и Даг Банд, кој речиси две децении бил главен советник на познати политичари.

Бенд, кој им помогнал на демократите да ја покренат фондацијата на Клинтон и ја создал глобалната Клинтонова иницијатива, дал изјава за Vanity Fair.

Според неговите зборови, Клинтон го посетил приватниот остров, нарекувајќи го „Педофилскиот остров“, каде Епстајн и неговите пријатели, наводно сексуално злоставувале малолетни девојки, во јануари 2003 година.

Банд изјавил дека тоа бил еден од ретките случаи кога тој одбил да ги следи политичарите. Наводната посета на островот следела година дена, откако Епстајн и Клинтон заминале во Африка, на едно хуманитарно патување со приватниот авион на финансиерот.

Со авионот Lolita Express, Бенд и политичарот заминале во Африка. Тогаш изјавил дека немал поим за наводните сексуално злосторства кои ги правел Епстајн. Но, по патувањето, Бенд за магазинот изјавил дека почнал да го тргнува на страна Епстајн од близина на политичарите.

Тој се обидувал, но безуспешно. Советникот се сетил како Епстајн давал смешни изјави за време на патувањата во Африка, како фалбите дека измислил пазар на деривати.

Откако Бенд добил доволно лоши вибрации за Епстајн, го советувал Клинтон да прекине со пријателството со финансиерот. Тој тврди дека Клинтон продолжил да одржува врска со него и ги прифатил неговите донации во 2006 година.

Епстајн донирла 25.000 долари за фондацијата на Клинтон, изјавил Бенд за магазинот. И други членови на семејството Клинтон, се дружеле со Епстај и неговата животна сопатничка Гислејн Максвел, која сега го чека судењето во притворскиот центар Метрополитан во Њујорк.

Бенд за магазинот покажал и фотографии од ќерката на Клинтон, Челзи, која позира со Епстајн и Максвел на венчавката на кралот на Мароко.

Дури и откако Епстајн бил затворен поради подведување на малолетнички за проституција, како дел од неговиот прв кривичен случај и откако печатот открил дека Гислејн била негов наводен соучесник, Челзи продолжила да ги одржува врските со Максвел, па дури и ја поканила на венчавката во 2010 година.

„Гислејн имала пристап до јахтите и прекрасните домови. На Челзи тоа и требаше“, изјавил Бенд за Vanity Fair.

Тој тврди дека во 2011 година, им наложил на одговорните во канцеларијата на Бил Клинтон, да ѝ забранат на Гислејн присуство на сите настани кои ги организирало семејството Клинтон.

Тој напоменал дека знаел дека ваквата одлука ќе ги вознемири Бил и Челзи Клинтон.

„Знаев дека со тоа што им велев на сите да престанат да ја вклучуваат Гислејн на настаните, Челзи и нејзиниот татко Бил ќе се налутат. Им отежнуваа правдувањата дека биле блиски“, изјавил Бенд.

Портпаролот на семејството ги негирал обвинувањата дека 42. претседател на САД, го посетил островот и на магазинот му доставил детални патни записи за дотичниот период во кој не се споменува посетата на островот.

Портпаролот нагласил дека Челзи Клинтон, одржувала врски со Максвел, само затоа што двајцата го имале заедничкиот пријател Тед Вајт, основач на компанијата за компјутерски хардвер „Гејтвеј“.

„Дури во 2015 година, Челзи станала свесна за страшните обвинувања против Максвел и се надева дека сите жртви ќе ја пронајдат правдата. Челзи беше во пријателски односи со неа, поради врските кои ги имаше со нејзин драг пријател. Кога таа врска заврши, Челзи се оддалечи“, изјавил портпаролот за Vanity Fair.

Што се однесува до Даг Бенд, портпаролот на еден поранешен советник го опишал како личност која ја донела фондацијата на Клинтон во сериозни проблеми, користејќи филантропија на светска класа за сопствен финансиски бенефит.

„Ниту еден службеник, никогаш не ја користел својата улога да служи на своите интереси, како Даг Бенд“, изјавил портпаролот, додавајќи дека бил вреден член на тимот на Клинтон.

Според пораките и мејловите кои ги објавил на веб сајтот „Викиликс“, Бенд во 2011 година го обвинил Бил Клинтон, Челзи Клинтон и нејзиниот сопруг Марк Мезвински, за конфликт на интереси.

Бенд наводно напишал дека Мезвински за својот хеџ фонд, користел пари донирани во фондацијата на Клинтон.

Претседатели, премиери, кралски семејства, милијардери и претприемачи, биле дел од луѓето со кои милијардерот Епстајн бил во контакт. Некои од нив биле и најмоќните луѓе на Земјата.

На патувањето во 2002 година во Африка, со Клинтон биле и холивудските глумци Кевин Спејси и Крис Такер. Неколку жени претходно го обвинуваа за сексуално злоставување, но судовите или одбија да ги разгледуваат случаите или се случуваа спогодбени тужби со необјавени суми.

Во јули 2019 година, Епстајн бил уапсен под обвинение дека ја водел мрежата за сексуално злоставуање. Не го дочека судењето. Тој на 10. август 2019 година беше пронајден мртов во својата затворска ќелија.

Обдукцијата покажала дека станува збор за самоубиство. И покрај извештајот на судскиот вештај, смртта на Епстајн покрена голем број на теории на заговор. Според една, финансиерот бил убиен од страна на негови моќни пријатели.

Тие биле исплашени дека може да бидат вмешани во некои од неговите злосторства. Приврзаниците на оваа теорија, веруваат дека семејството Клинтон најверојатно е одговорно за самоубиството на Епстајн.

Share

ANIMEFLIX animeflix free: Watch A Silent Voice Episode Full (https://animeflix.nl/m/N3py/ep-1)

AnimeHeaven arifureta anime heaven: Watch Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen Episode Cam-Full

Scroll to Top