Голот од половина терен што чешкиот напаѓач Патрик Шик го даде против Шкотска во првото коло на Европското првенство, е прогласен за најдобар на целиот турнир. Шик доби 800.000 гласови за голот што го даде од 45,4 метри. Ова е најдолгото растојание од кое е постигнат гол во историјата на Европските шампионати.
На второто место се најде голот на францускиот играч за врска Пол Погба против Швајцарија во осминафиналето на ЕУРО2020, а голот на хрватскиот плејмејкер, Лука Модриќ, против Шкотска, е избран за трет најдобар гол. На четврто место е голот на Италијанецот Лоренцо Инсиње на натпреварот со Белгија, а последен на Топ 5 листата е Кристијано Роналдо и неговиот гол против Унгарија.
Претходно Џанлуиџи Донарума, голманот на Италија, беше прогласен за најдобар играч на првенството.
??? After almost 800k votes, Patrik Schick’s long-range stunner vs Scotland is UEFA EURO 2020 Goal of the Tournament! ⚽️?#EUROGOTT @GazpromFootball #EURO2020 pic.twitter.com/qBENMPj25b
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) July 14, 2021