Пејакчите Наташа Михајловиќ и сестрите Јелена и Невена Буча од популарната група „Фрајле“ од Нови Сад, се казнети со по 900 евра, затоа што одржале концерт без дозвола.
Тие концертот го одржале на крајот на октомври во салата за култура „Драго Бритвиќ“ во Хрватска. а како што пренесуваат медиумите тие казните ги платиле на лице место.
Организаторот се оглушул на забраната од полицијата која ги предупредила девојките претходно дека не можат да добијат потврда за настап. По настапот надлежните поднеле обвинение, пренесува Virovitica.net.
Полицијата се повикала на одлуката на Министерството за внатрешни работи, која е на сила од 18 јуни годинава и во која е наведено дека изведувачите не можат да добијат потврда за работа во објект, туку само, согласно пропишаниот закон за странци, дозвола за настап на јавни површини.
„Фрајле“ концертот го одржале по повод манифестацијата „Питомачка есен во атмосфера на музиката“. Тие на концертот извеле некои безвременски хитови, авторски песни, но и преработки.