(Видео) Креаторот Златко Јовановски од старо ќебе на баба му направи капут

(Видео) Креаторот Златко Јовановски од старо ќебе на баба му направи капут

пред 3 години

Македонскиот моден дизајнер Златко Јовановски од старо ќебе на баба му си направи капут. Креаторот, кој е познат по екстравагантните фустани и корсети со многу светки и скапоцени камења, овој пат ја изненади јавноста со идејата да го претвори старото ќебе во ново парче облека. Тој на ТикТок објави неколку видеа и покажа како течел целиот процес.

Златко, познат како ЈЗЈ, последнава година е постојано актуелен во јавноста. Тој неодамна креираше два корсет-фустани за Јелена Карлеуша, а негова креација носеше и Цеца на еден од концертите. За дизајните на Златко пишуваа и светските медиуми, откако пејачката Ава Макс се појави во негов дизајн на насловната страница на магазинот Her World, а негови креации се појавија и во Космполитан.

@jzj_zlatko #jzjkingofsparkle #fyp #make #coat #fashion #style #fashiondesigner #diy #designer #tetovo #skopje #balkan #wool #style #foryou #viral #fornite #desig ♬ The Business – Tiësto
@jzj_zlatko #handmade #jzjkingofsparkle #fyp #fy #fashion #style #coat #blanket #fashiondesigner #designer #fornite #viral #tetovo #makedonija #balkan #design ♬ The Business – Tiësto


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top