(Видео) Мијата со нова песна за сите кои изгубија некого од коронавирусот

(Видео) Мијата со нова песна за сите кои изгубија некого од коронавирусот

пред 3 години

Пејачката Наташа Мијатовиќ Мијата за својот 40. роденден ја промовираше новата песна „Невидени“. Музиката и аранжманот се на Александар Јовевски, додека текстот го напиша Весна Малинова.

Ова е втора нејзина песна оваа година, откако во февруари ја промовираше ,,Маска”, која беше и нејзино режисерско деби. И овој пат Мијата самата го режираше спотот.

Песната му ја посвети на нејзиниот пријател Бранко Стојоски, кој ја загуби битката со коронавирусот, но и на сите кои изгубија некого во пандемијата.

„Песната ја напишав за мојот драг пријател, но и за сите кои не се изборија со пандемијата. Сакав да нема тага во ‘Невидени’, сакав да го прославиме животот и достоинствено да го чуваме споменот на сите драги луѓе кои ги изгубивме“, рече Мијата и додаде дека песната  ќе се најде на нејзиниот втор албум кој е во подготовка.

Мијата е присутна на сцената околу 15 години, кога ја освои публиката со песната ,,Верувам во себе”.

Share
Scroll to Top