(Видео) Мува му се залепи на лакот за коса, твитерџиите се мајтапат со Мајк Пенс

(Видео) Мува му се залепи на лакот за коса, твитерџиите се мајтапат со Мајк Пенс

пред 5 месеци

Кандидатот за потпретседател на САД, Мајк Пенс стана главен на „Твитер“, откако на синоќешната дебата, мува слета на неговата глава и остана таму две минути без тој да примети.

Оваа ситуација предизвика голем број коментари, а на социјалните мрежи брзо се појави и хаштаг #FlyGate и многумина коментираат дека мувата била најзабавниот момент од целата вечер.

„Тоа не е на вашиот телевизор. Мувата е на главата“, напишала на „Твитер“, Рејчел Мадов од MSNBC. Други се шегувале дека мувата можеби се залепила на неговиот лак за коса и дека сега таа е главниот кандидат за тестирање на коронавирус.

Мувата за кратко време доби и свој „Твитер“ профил. Демократскиот противкандидат на Трамп, Џозеф Бајден, се пошегува на „Твитер“ и започна кампања од пет долари за мувата.

Share

Watch Dragon Ball Super (Dub) Episode 127 (https://animeheaven.pro/m/dVKk/ep-127) at AnimeHeaven animeheavens

The Day I Became a God (https://animefreak.ws/m/Yv2v) Episode 12 at AnimeFreak amine freak tv

Scroll to Top