Македонскиот пливач маратаонец Марко Пејчиновски викендов ја преплива дестинацијата Радожда -Трпејца – Градиште, во должина од 24 километри за 6 часа, 52 минути и 15 секунди. Ова беше седмата замислена мисија на Марко за ова лето на Охридското Езеро. Шеснаесетгодишниот маратонец до крајот на ова лето ќе преплива уште три релации, а сезоната ќе ја заокружи со десет испливани мисии во должина од 250 километри.
Тој минатиот месец во чест на Св. Наум пливаше 30 километри во Охридско Езеро, од Струга до Св. Наум, кои ги преплива за 9 часа и 26 минути.
Марко лани во септември пливаше во знак на поддршка на децата со ретки болести. Претходно, на 1 август ја исплива делницата Охрид – Св.Наум – Охрид и подвигот го посвети на неговата почината мајка.
Марко првпат пред четири години го преплива езерото и на 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.