После подолго време поп-ѕвездата Влатко Лозановски – Лозано ја обави својата најнова песна „После полноќ“.
“Презадоволен сум тоа како звучи песната, а се разбира и од тоа како изгледа видеоспотот. Сега останува само публиката да си го каже своето, јас сум сигурен дека ќе им се допадне“ – изјави накусо Лозано.
Продуценти се Лазар и Ена Цветкоски, а режисер на видеоспотот е познатиот Даниел Јовески со кого Влатко соработува веќе неколку години, додека пак за стајлингот и овојпат беше задолжен Андреј Ѓоргиевски – Папаз.
Во тек се уште неколку нови песни, а деновиве Лозано работи и на сценариото за новиот видеоспот кој треба да почне да се снима многу скоро, така што ќе има уште една нова песна во блиска иднина.