(Видео) Роналдо прослави гол пред македонското знаме кое се вееше на вчерашниот натпревар во Лига шампиони

(Видео) Роналдо прослави гол пред македонското знаме кое се вееше на вчерашниот натпревар во Лига шампиони

пред 3 години

Македонско знаме се вееше на стадионот „Олд Трафорд“, на синоќешниот натпревар во Лига шампиони меѓу Манчестер јунајтед и Аталанта. Знамето од Кутлеш се појави пред екраните во моментот кога Роналдо постигна гол за победа на неговиот тим од 3:2.

Знамето е на Александар Зелениковски, кој е член на фановите на Манчестер јунајтед во Македонија. Роналдо со голот постави рекорд на мечот со Аталанта. Италијанската екипа е 38-а против која Португалецот има дадено гол во Лига шампиони.

Претходно ниту еден играч во историјата не успеал да ја погоди мрежата на толку екипи.

https://www.youtube.com/watch?v=Dtf8Hmodml0

Share
Scroll to Top