Еден од најпознатите ММА борци на сите времиња, Нејт Дијаз (38), давеше маж за време на една улична тепачка. Инцидентот го снимија случајни минувачи, а видеото брзо се најде на социјалните мрежи.
Дијаз се појави на бокс меч во кој прво со шише го погоди глумецот Чејс Демур, а потоа на улица направи уште поголем инцидент. и се степа со мажот. Тепачката се случи зад конгресниот центар XULA, во Њу Орлеанс, кога случајни минувачи го виделе Дијаз како прво се расправа, а потоа почнал да го дави.
На крајот мажот остана да лежи неподвижно на улица. Веднаш бил издаден налог за негово апсење, но засега нема информација дали завршил во затвор.
Според неофицијални информации Дијаз го давел познатиот Тиктокер и инфлуенсер Родни Петерсен, кој претходно го провоцирал. Други велат дека Дијаз намерно предизвикал инцидент затоа што наскоро го очекува боксерски меч.
Former UFC Superstar Nate Diaz catches some dude in a Ninja Choke and puts him to Sleep during a Street Fight last night…
[🎥 @PaulLABamba] pic.twitter.com/ZmPcW3pBAu— Fight Haven (@FightHaven) April 22, 2023