Македонскиот музичар Борис Цветановски, кој во јавноста е познат под псевдонимот Рис Флауер, ја промовира новата песна Set Me Free, снимена во најпрестижните музички студија во Истанбул, Турција. Песната е повик за ослободување, вели музичарот.
„Времето во кое живееме ме натера да ја согледам заробеноста на луѓето во своето секојдневие, во тешките меѓусебни врски и испревртените принципи и вредности. Инспирацијата ја пронајдов во бескомпромисниот копнеж за слобода и љубов кај секого“, рече тој.
Set Me Free ја направија Цветановски и Павле Василјевиќ, а аудио продукцијата, миксот и мастерингот се направени во едно од најпрестижните студија во Истанбул, од продуцентите Арикан Сиракаја и Мустафа Чанбазлар.
За песната која е со модерен, ултра-прогресивен звук, Флауер сними и спот кој е во режија на Бруно Велјановски.