(Видео) Фановите ги дочекаа победниците на Евросонг на граница и ја пееја нивната песна

(Видео) Фановите ги дочекаа победниците на Евросонг на граница и ја пееја нивната песна

пред 2 години

Членовите на бендот „Калуш оркестра“ на полско-украинската граница беа дочекани од голем број фанови кои ја пееја нивната песна со која победија на Евросонг, „Стефанија“.

dobivaj vesti na viber

Бендот се сретна и со украинските војници со кои се фотографии. Тие беа дочекани со сино-жолти цвеќиња и украинските знамиња. Видеото беше објавено на  каналот „Телеграм“  на Евросонг Украина, а потоа истото го пренесе на „Твитер“ и украинскиот медиум „Киев индипендент“.

За потсетување, бендот доби посебна дозвола да ја напушти Украина и покрај законот кој забранува излегување на воено способните мажи од државата која беше во војна. По победата тие се вратија во војската каде ќе се борат против руската инвазија.

Share
Scroll to Top