(Видео) Фреди Меркјури во Филхармонија, лажната бомба не ги пишмани македонските пејачи кој имаа концерт за паметење

(Видео) Фреди Меркјури во Филхармонија, лажната бомба не ги пишмани македонските пејачи кој имаа концерт за паметење

пред 3 години

Синоќа во македонската Филхармонија се одржа концерт во чест на британскиот пејач Фреди Меркјури. На сцената настапија голем број македонски пејачи и музичари кои ги пееја познатите песни на британската група „Квин“, а на публиката и приредија вистинско шоу.

 

Најмногу аплауз доби младиот пијанист Бобан Мирковски, кој со неговите пријатели ги свиреше песните на Фреди. Специјален гостин на концертот беше Влатко Стефановски, а Мики Јовановски-Џафер и Биба Додева настапија со песните I Want To Break Free и Wе Will Rock You.

На сцената се појавија и Дани Димитровска, Ирена Димовска од групата „Памперс“ и Андријана Јаневска заедно со хорот „Про Арс“. Гитаристот Ади Имери ги отпеа Love Of My Life и Bohemian Rhapsody.

За потсетување, концертот прво беше одложен поради автобуската несреќа во Бугарија, а синоќа за малку  и овој концерт немаше да се одржи откако имаше лажната дојава за бомба во МНТ, па центарот беше блокиран, а околните  Настанот беше во организација на „Баги комуникации“.

Share
Scroll to Top