Во Њујорк поставена е најпознатата божиќна елка во светот. Елката е поставена во центарот Рокфелер откако помина 300 километри од Квинсбери до Менхетен.
Елката е стара 90 години, а тежи 14 тони. Божиќната елка ќе биде украсена со повеќе од 50.000 лед светилки, а на врвот ќе има ѕвезда од кристал Сваровски.
Светилките свечено ќе бидат запалени на 30 номеври, и ќе светат од 6 до 12 часот, додека на Божиќ ќе светат 24 часа.