(Видео) Ќерката на холивудскиот глумец Итан Хоук, го излажав татко ми дека одам на терапија, а вистината беше дека ја изгубив невиноста

(Видео) Ќерката на холивудскиот глумец Итан Хоук, го излажав татко ми дека одам на терапија, а вистината беше дека ја изгубив невиноста

пред 10 месеци

Актерката Маја Хоук за време на гостувањето во „Гледајте што се случува во живо“, откри анегодти од времето кога била тинејџерка. Таа рече дека била во неволја затоа што го излажала тако ѝ глумецот Итан Хоук.

„Го излажав дека одам на терапија, а всушност отидов да ја изгубам невиноста. Не ми се верува дека го кажав тоа, но тоа е вистина. Татко ми многу се вознемири. Постојано ме прашуваше каде бев“, рече Маја.

Маја зборуваше и за филмот на нејзината мајка Ума Турман, „Убиј го Бил“. Фановите ја прашуваа дали можеби планира да снима повторно и што треба да се случи за да Квентин Тарантино го режира третиот дел.

„Мислам дека на Тарантино му се допаѓа идејата да се сними трет дел. Затоа мислам дека е потребно сите да престанат да зборуваат доволно долго за тој да почне да се нервира што веќе никој не го прашува за тоа. Мислам дека тогаш ќе одлучи да сними“, рече Маја.

Share
Scroll to Top