Македонскиот олимпиец во таеквондо, Дејан Георгиевски, стигна во Скопје. Со овации Дејан, кој на Олимписките игри во Токио освои сребрен медал за Македонија во категоријата +80 килограми, беше пречекан од многу граѓани на аеродромот. Вечерва во 19:30 на скопскиот плоштад Македонија ќе има организирано голем пречек за Георгиевски.