Виталиј и Наталија Кличко се разведуваат по 25 години брак

Виталиј и Наталија Кличко се разведуваат по 25 години брак

пред 2 години

Градоначалникот на Киев и поранешниот боксер Виталиј Кличко се разведува од сопругата Наталија по 25 години брак.

dobivaj vesti na viber

„Одлуката за развод беше обострана“, рече Кличко за украинските медиуми и додаде дека со сопругата веќе со години живеат во различни земји и дека останале во добри односи.

„Низ годините имавме различни интереси и различен живот. Одлучивме сега и официјално да се разведеме. Во добар однос сме, се почитуваме, а децата веќе ни се возрасни. Животот тече понатаму “, рече Кличко.

Виталиј и Наталија се венчаа во април 1997 година, а во бракот добија три деца, синовите Јегор Даниела и Максим и ќерката Елизабета Викторија. Додека се занимаваше со бокс, Наталија со децата го следеа на секој меч. Го поддржуваа и во 2014 година, кога се кандидираше за градоначалник на Киев.

Наталија се проба и како пејачка и кантавторка. Се занимава и со хуманитарна работа, а бидејќи долго време живеe во Германија, од 2010 година вклучена е и во работата на Советодавниот одбор на германската хуманитарна фондација Phytokids.

Share
Scroll to Top