Рускиот претседател Владимир Путин му оддаде почит на советскиот космонаут Јуриј Гагарин, по повод шеесетгодишнината од неговиот прв вселенски лет во вселената. Путин изјави дека Русија ќе продолжи во напорите да ја освојат вселената.
„Во 21. век, Русија треба да го задржи својот статус меѓу главните нуклеарни и вселенски сили, затоа што вселенскиот сектор директно е поврзан со одбраната“, изјавил Путин за време на видео конференцијата.
Путин побарал воспоставување на развојна вселенска стратегија, која би важела најмалку десет години, наведувајќи дека на прво место ќе биде одбраната, но и телекомуникациите, транспортот, како и прашањето за фундаметалните истражувања, здравството и образованието.
„Владата треба да подготви документ кој ќе содржи јасни мерки за постигнување на тие приоритети“, изјавил Путин.
Поздравувајќи го историскиот успех на Гагарин, Путин додал дека неговото дело ќе претставува гордост на нивната земја. Гагарин го отворил патот кон Универзумот, истакнал Путин.
Агенцијата „Ројтерс“ пренесува дека Путин денес допатувал во Енгелс, кој се наоѓа на 860 километри од Москва, во Саратовската област, каде се одбележува 60. годишнината од историскиот лет на Јуриј Гагарин во вселената.
Тоа претставува една од најважните победи на Советскиот Сојуз во студената војна и клучен момент во вселенската трка со САД.
„Ројтерс“ пренесува дека прославата на историскиот лет е обележана и во вселената и дека космонаутот Олег Новитцки, преку свое видео обраќање од Меѓународната вселенска станица, порачал дека сите руски научници и инженери, покажале супериорност во создавањето на технологијата во нивната земја и ја направиле Русија водечка светска сила.