Во градот Абидос во Египет е отриена пивара стара 5000 години. Од египетското министерство за туризам и старини, велат дека во неа можело да се произведат илјадници литри пиво, пренесува „Си-ен-ен“.
Министерството додава дека пиварата веројатно датира од времето на владеење на кралот Нармер, последниот крал од прединастискиот период (3300 – 2900 п.н.е.)
Доктор Метју Адамс од Универзитетот во Њујорк и еден од водачите на египетската-американска мисија, која го открила месттоо, вели дека тој и колегите археолози веруваат дека пивото се користело за време на ритуалите кои се случувале додека ги погребувале најраните египетски кралеви.
Пиварата, чиј производствен капацитет изнесувал 22.400 литри, е поделена на осум одделенија, со по 49 гнилени садови за загревање на мешавината на житарици и вода.
Египетските официјални лица пишуваат дека со новооткриените артефакти, ќе се обидат да го оживеат туризмот, затоа што египетската туристичка индустрија е девастирана од последиците од пандемијата со коронавирусот.