Во Зоолошката во Виена умре најстарата жирафа во Европа

Во Зоолошката во Виена умре најстарата жирафа во Европа

пред 3 години

Во Зоолошката во Виена умре најстарата машка жирафа во Европа. Кимбар бил стар 28 години и бил евтаназиран, затоа што страдал од сериозни болки во зглобовите. Одговорните велат дека повеќе не можеле да му ги ублажуваат болките со лекови.

„Жирафите ретко живеат повеќе од 20 години. Затоа бевме свесни дека ќе го изгубиме секој момент. Сите сме премногу тажни“, изјавила портпаролката во Зоолошката, Јохана Буковски.

Целата храна Кимбар ја добивал сварена или навлажнета, бидејќи забите веќе му биле целосно истрошени. Животното било родено во 1993 во зоолошка градина во Холандија, а во Виена бил однесен кога имал само две години, во рамките на програма за размножување.

Share
Scroll to Top