Актерот Бредли Купер и манекенката Ирина Шајк викендов повторно поминаа неколку часа заедно со нивната ќерка Леа. Тие се разделија пред две години, но заради ќерката, останаа во пријателски односи. И покрај тоа, тие ретко се појавуваат заедно во јавноста. Овој пат Бредли и Ирина беа на шопинг во Њујорк, а оттаму сите тројца отидоа во познат ресторан.
Откако заедничките фокти се појавија на интернет, фановите ги споделуваат на „Твитер“ и коментираат дека би биле пресреќни ако актерот и моделот ја обноват врската.