Маринко Роквиќ ќе биде закопан во четврток, а погребот нема да биде само во кругот на семејството

Маринко Роквиќ ќе биде закопан во четврток, а погребот нема да биде само во кругот на семејството

пред 2 години

Пејачот Маринко Роквиќ, кој почина на 6 ноември од рак на панкреасот, ќе биде погребан во четврток, на 11 ноември на гробиштата Нова Бежанија во Белград, соопшти семејството. Тие јавно побараа од сите што ќе дојдат на погребот да ги почитуваат сите мерки за заштита од короната, особено што ситуацијата во Србија последните неколку недели е влошена.

„Поради големата почит од луѓето кон Маринко, погребот нема да биде само во кругот на семејството, туку заедно ќе го придружуваме до вечниот дом. Сакаме да ги замолиме сите што ќе дојдат да ги почитуваат епидемиолошките мерки“, стои во соопштението на семејството.

За потсетување, Маринко Роквиќ почина од ракот на панкреасот. Тој лани во ноември имаше итна операција, а тогаш од семејството изјавија дека правел операција поради циста на стомакот. Сепак, уште тогаш беше откриено дека боледува од рак на панкреасот, а дека прогнозите на лекарите не се добри.

Почина пејачот Маринко Роквиќ

Share
Scroll to Top