Руската манекенка Наташа Поли повторно ги изненади сите на филмскиот фестивал во Кан. Таа веќе трет ден по ред на цревениот тепих се прошета без гаќи. Многумина и коментираат дека и овој пат избрала секси комбинација и дека се појавува во сè побезобразно издание.
Таа синоќа на AmfAR гала забавата се појави во летен црн фустан кој ѝ ги откриваше градите, додека колковите повторно ѝ беа во прв план. Фустанот го држеа панделките, а Наташа и овој пат не носеше долна облека.
И претходно Наташа се појави во секси фустан. Таа на црвениот тепих се прошета во црвен фустан покриен со светки, додека предниот и задниот дел и беа поврзани со панделки. И тогаш не носеше ни гаќи ни градник.
„И се гледа гола нога, а богами и половина задник“, и коментираа некои од фановите.
Првиот ден Наташа се појави во романтична бела креација со раскошна наметка, а под неа носеше тесен проѕирен фустан. И тогаш како и сега модните експерти коментираа дека не носела гаќички. За потсетување, Наташа е во врска со бизнисменот Питер Баркер, со кого има 2 деца.