Дарко Димитров повторно е автор на српската песна за Евровизија

Дарко Димитров повторно е автор на српската песна за Евровизија

пред 4 години

Композиторот и продуцент Дарко Димитров е еден од авторите на песната „Локо локо“, што групата „Хурикејн“ од Србија ќе ја пее на Евровизија. Освен Дарко, на песната работи и Немања Антониќ, а текстот го напиша Сања Вучиќ, една од пејачките во групата.

„Хурикејн“ лани победија на Беовизија со песната „Аста ла виста“, а РТС реши тие и годинава да ја преставуваат земјата, оти изборот за песна на Евровизија лани не се одржа.

Премиерата на песната и спотот на групата „Хурикејн“ за Евровизија ќе се одржи на почетокот на март.

За потсетување, Дарко, освен што правеше песни за македонските претставници за Евровизија, изминатите години беше автор и на неколку српски песни за Евросонг. На песната што лани требаше да ја претставува Албанија, тој работеше заедно со композиторот Лазар Цветкоски.

Share
Scroll to Top