Дејвид Бекам доби главна улога во телевизиска серија

Дејвид Бекам доби главна улога во телевизиска серија

пред 4 години

Поранешниот британски фудбалер Дејвид Бекам ќе ја има главната улога во серијата „Спасете го нашиот тим“, што ќе се снима за Дизни плус. Серијата се фокусира на Бекам кој ќе глуми ментор на тим што се бори да остане во лигата. Бекам и неговиот тим ќе ги однесат играчите, нивниот тренер и нивната заедница на трансформативно патување.

„Ова е фантастична можност да се покаже важноста и влијанието на оваа фудбалска заедница во Велика Британија. Серијата ќе биде возбудлива, драматична, полна емоции и храброст, сè што Дејвид имал во своето играчки денови“, вели режисерот Шон Дојл за серијата.

Инаку, познатиот фудбалер неодамна изјави дека би сакал да се сними биографски филм за неговиот живот.

Share
Scroll to Top