Добив уште еден внук, пресреќна сум: се породи ќерката на Росана

Добив уште еден внук, пресреќна сум: се породи ќерката на Росана

пред 3 години

Фолк-пејачката Росана Сариќ – Тодоровска вторпат доби внук. Нејзината ќерка Ивана вчера роди момче кое ќе се вика Матео. Росана преку социјалните мрежи се пофали дека станала баба.

„Сонце и душа на баба. Ни се роди внукот Матео. Жив и здрав нека ни е, среќен цел живот“, напиша пејачката на Фејсбук и доби бројни честитки од своите пријатели, ама и од луѓе од естрадата.

 

Ивана, ќерката на Росана и нејзиниот маж, глумецот Ѓорги Тодоровски, го има и синот Ноах (3) од бракот со Џејмс Холт.

Росана често објавува фотографии од нејзиниот внук и пишува дека ѝ е најголемата среќа во животот.

 

 

Share
Scroll to Top