Домашни равиоли со лимон и нане

Домашни равиоли со лимон и нане

пред 3 години

Потребни состојки:

За тестото:
300 гр брашно
3 јајца
прстофат сол
1 лажиче маслиново масло
1 лажица ситно сечкано свежо нане
1 лажица ситно сечкан свеж магдонос
изрендана кора од 1 лимон
1 лажица сок од лимон
1 лажица изрендан пармезан

За филот:
500 гр рикота сирење
1 лажица ситно сечкано свежо нане
1 лажица ситно сечкан свеж магдонос
изрендана кора од 1 лимон
1 лажица сок од лимон
1 лажица изрендан пармезан

За сосот (од порција):
25 гр путер
5-6 листови нане
1/2 лажиче сок од лимон
1 лажица рендан пармезан

За сервирање:
рендан пармезан
листови свежо нане

Начин на подготовка:

Првин направете го филот. Во еден сад измешајте ги сите состојки за филот, додадете сол и бибер по вкус и оставете го на ладно.

За тестото сипете го брашното на работната површина, со рака направете дупка во средината, искршете ги јајцата во дупката, додадете сол, маслиново масло и со прсти измешајте. По потреба додадете малку ладна вода или брашно. Со раце месете го тестото. Тестото треба да биде тврдо. Замотајте го во пластична фолија и оставете го да стои на собна температура околу 1 час. Тестото поделете го на 6 еднакви дела. Истанчете ги сите делови со сукало или на машина за паста со дебелина од 5 мм. Потоа ставете ги на калап за равиоли, кој претходно убаво сте го набрашниле. Во секоја вдлабнатина ставете по 1 лажиче од филот, одозгора ставете втор лист тесто и поминете го со сукало. Внимателно превртете го калапот со равиолите на кујнска крпа посипана со брашно. Истата постапка повторете ја со преостанатото тесто. Ако равиолите ги правите рачно, тогаш на еден лист тесто ставете по 1 лажиче од филот на растојание од 2 см. Премачкајте ги краевите на тестото и тестото помеѓу купчињата фил со малку вода и одозгора ставете го вториот лист тесто. Внимателно залепете ги двете теста со притискање и внимателно истиснете го воздухот меѓу двете теста. Исечете ги равиолите. Постапката повторете ја со преостанатото тесто и фил. Треба да добиете 36-40 равиоли.

Во длабок сад со вода ставете го на рингла да проврие водата. Водата убаво посолете ја. Кога ќе почне да врие, ставете 9-10 равиоли да се варат 3 минути. Во исто време подгответе го и сосот. Во тава на рнгла ставете ги путерот и листовите нане и кратко пропржете ги. Додадете го сокот од лимон. Со решеткава лажица внимателно префрлете ги равиолите од садот на рингла во тавата, додадете околу 1 лажица вода од варењето на равиолите и пармезан и оставете кратко да прокрчкаат, 30-ина секунди.

Префрлете ги на чинија за сервирање и држете ги на топло. Истата постапка повторете ја и со преостанатите равиоли. Послужете ги веднаш и по желба посипете ги со уште малку рендан пармезан и исечкани листови нане.

Share
Scroll to Top