Ева Лонгорија носеше фустан на Тони Матичевски на гала настан во Шпанија

Ева Лонгорија носеше фустан на Тони Матичевски на гала настан во Шпанија

пред 2 години

Актерката Ева Лонгорија на настанот на доделување на титулата „Дама“ беше облечена во креација на македонскиот дизјанер кој живее и работи во Австралија, Тони Матичевски.

„Сега сум Дама Лонгорија. Денеска ја добив оваа неверојатна чест во Астуриас, Шпанија за мојот прдонес во културата во овој регион. Татко ми не може да биде тука, но ќе беше многу горд“, напиша атерката во објавата.

Фотографија од крацијата на Лонгорија објави и македонскиот дизјанер и напиша Честитки Дама Ева Лонгориј. Ева беше облечена во Матичевски, Modality Gown додека ја доби оваа неверојатна титула во Астуриас, Шпанија“, напиша Матичевски.

Фустанот во кој е облечена актерката чини 2.200 долари на официјалната страница на дизјанерот.

Не е првпат Ева Лонгорија да носи креација на македонскиот дизјанер, тоа се случи и во јули кога на хуманитарна забава во Марбеља, Шпанија таа облече бел романтичен фустан со асиметрично деколте кој го искомбинира со сребрени сандали и мали дијамантски обетки.

Матичевски е еден од најпознатите дизајнери во Австралија, каде што неговите родители се преселиле уште додека Македонија беше дел од Југославија. Негови креации, освен Лонгорија, носеа и Хајди Клум и Киртсин Данст.

Share
Scroll to Top