Светската метеоролошка организација WMO потврди дека во рускиот град Верхојанск, на 20 јуни 2020 година била измерена температура од 38 степени Целзиусови, што е нов рекорд за Антарктикот. Верхојанс се наоѓа во источен Сибир, околу 115 километри северно од арктичкиот круг, а метеоролошките податоци во него се мерат уште од 1885 година.
Како што објавиле на сајтот WMO, просечната темпереатура над арктичкиот Сибир биле дури за 10 степени поголеми од нормалата, во поголемиот де од летото минатата година, што довело да се случат големи пожари.
Генералниот секретар на WMO, Петери Талас рече дека во 2020 година забележан е нов температурен рекорд од 18,3 степени Целзиусови за антарктичкиот континент.
Истражувачите на WMO во моментов работат на верификација на отчитување на температурите од 54,4 степени, кои се забележани во 2020 и 2021 година, во најтоплото место на светот, Долината на смрт во Калифорнија и новиот европски температурен рекорд од 48,8 степени на Сицилија ова лето, рече Талас.
Тој истакна дека WMO никогаш истовремено не работела за потврда на толкави температурни рекорди.