Илина Арсова е прогласена за Европска жена на годината

Илина Арсова е прогласена за Европска жена на годината

пред 3 години

Делегацијата на Европска Унија ја прогласи уметницата и сликарка Илина Арсова за Европска жена на 2022 година. Таа беше претставена од страна на амбасадорката на Германија, Анке Холстајн.

Покрај неа учевствува четири жени, и тоа: докторката Маја Мојсова Мијовска – претставена од амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ; претприемачката Наталија Бургиева – претставена од амбасадорот на Европска Унија, Дејвид Гир; режисерката Дина Дума – претставена од амбасадорката на Шведска Кристин, Форсгрен Бенгтсон; директроката на Националната галерија Дита Старова Ќерими – претставена од амбасадорката на Романија, Моника Аксинте.

Изборот се одржа по пат на фејсбук-гласови, па така таа освои најмногу реакции од корисниците на оваа социјална мрежа.

„Им честитам и се воодушевувам на останатите жени кои учествуваа во изборот. Да продолжиме да инспирираме, да покажеме што е солидарност и да го менуваме светот заедно“, вели Илина.

Арсова е првата Македонка која ги искачи седумте највисоки врвови на седумте континенти. Во 2006 го искачи Мон Блан, а во 2013 стана првата жена од Македонија што го искачи Монт Еверест.

„Кога си на 6 илјади метри надморска висина во очите ти се гледа. Она што моите сограѓани го имаат кога се во кафеана, благо пијанство, јас го имам на врвот на планина во отсуство на кислород“, раскажa таа во интервју за „Репортер.

Таа изјави дека е свесна за предизвиците, за сите оние убави и потресни моменти кога е горе и кога, како што вели, „мораш да поминеш преку смрзнато тело на некој кој си го запознал претходно“, не е секогаш лесно.

Ми се налути оти не му ставив лајк, Илина Арсова за љубовта со Игор Џамбазов

 

Share
Scroll to Top