Кристина Ричи го тужи сопругот за насилство: „Ги скрив сите ножеви дома, мислев дека ќе ме убие“

Кристина Ричи го тужи сопругот за насилство: „Ги скрив сите ножеви дома, мислев дека ќе ме убие“

пред 4 години

Американската глумица Кристина Ричи го тужи сопругот Џејмс Хердеген за насилство и побара судски налог со кој ќе му се забрани да ѝ се приближува нејзе и на нивниот син. Таа вели дека сопругот ја малтретирал физички и психички и дека неколкупати помислила дека ќе ја убие. Ова го потврди и адвокатот на Хердеген.

Според глумицата, психичкото малтретирање почнало еден месец по нивната венчавка во 2013 година.

„Ми велеше дека единствениот начин да му биде жал за мене е ако ме распарчат на мали парчиња. Тоа ме натера да ги скријам сите ножеви дома. Се плашев за мојот живот и за животот на нашиот син. Спиев во посебна спална соба со Фреди и ја заклучував вратата“, раскажала Ричи.

Физичкото насилство, пак, почнало лани во декември по што таа побара развод. Актерката потоа објави и слики од модринки и расеченици што ги добила кога сопругот ја натепал.

Според адвокатите на Ричи, разводот ќе биде завршен дури налето.

Share
Scroll to Top