Куќа се сруши во битолската населба Генимаале по силниот земјотрес кој го погоди Лерин

Куќа се сруши во битолската населба Генимаале по силниот земјотрес кој го погоди Лерин

пред 3 години

Стара куќа се сруши во битолската населба Генимаале по силниот земјотрес кој вчеравечер го погоди Лерин, а најмногу се почуствува во Битола. Покрај старта куќа која се сруши биле причинете и други мтеријални штети во зградите и домовите на битолчани. Земјотресот со јачина од 5.8 степени по Рихтеровата скала го погоди Лерин на длабочина од 2 километри беше почувствуван до Скопје, Кичево, Тетово и други градови низ државата.

Веднаш по првичниот земјотрес, неколку афтершокови го тресеа Лерин со помала јачина од 4.8 односно 3.5 степени по Рихтер.

По земјотресот, Битола остана без телефонска и интернет мрежа, а битолчани ноќта ја поминаа надвор пред своите домови и згради.

Share
Scroll to Top