„Луј Витон“ затвори мост во Сеул на 24 часа за модна ревија

„Луј Витон“ затвори мост во Сеул на 24 часа за модна ревија

пред 1 година

Светската модна куќа „Луј Витон“ затвори мост во Сеул на 24 часа за да може да одржи модна ревија. Во период од 24 часа беше стопиран сообраќајот на мостот Џамсу над реката Хан во Сеул.

Моделите пешачеа по мостот долг 795 метри носејќи спортски дизајни со геометриски форми, дизајнирани од Николас Гескиер, уметнички директор на женски колекции во „Луј Витон“. Во позадина одеше корејска традиционална музика, како интересен спој на современите модни парчиња.

Исто како и другите европски луксузни куќи, вклучувајќи ги „Диор“ и „Валентино“, „Луј Витон“ се обиде да ја искористи глобалната популарност и младешка привлечност на К-поп ѕвездите, именувајќи ги како амбасадори кои ја носат и промовираат нивната облека.

Сценографијата ја работеше авторот и режисер на хит-драмата на „Нетфликс“, „Игра со лигњи“ Хванг Донг-хјук.

Јужнокорејците станаа најголеми светски потрошувачи по глава на жител на луксузни стоки, велат аналитичарите во „Морган Стенли“.

Share
Scroll to Top