Властите во Панама од следната недела повторно ќе воведат ограничувања на движењата, барајќи од мажите и жените одвоено да пазарат во различни денови.
Ова го изјавил министерот за здравство Луис Сукре. Ограничувањата се слични на оние кои Панама ги воведе во најлошите погодени делови од земјата во јуни, пренесува „Ројтерс“.
„Од понеделник со цел да се намали мобилноста, купувањето ќе се врши според полот“, изјавил Сукре.
Тамошните власти во четвртокот регистрирале 3348 заразени од коронавирус и 42 смртни случаи, што е рекорден број на заразени и починати лица во земјата.