Македонциве се луди, пеат и играат на пороен дожд, пишуваат романските новинари

Македонциве се луди, пеат и играат на пороен дожд, пишуваат романските новинари

пред 3 години

Романските новинари пишуваат за македонската навивачка фаланга, дека уште синоќа го освоиле Букурешт, покажувајќи ретко видени емоции и љубов кон државата и фудбалерите.

Скоро и да нема медиум кој не пишува случувањата во стариот град во Букурешт, каде вчера и денеска е се македонските навивачи,  и тоа со акцент на нивната лудост бидејќи во радувањето и пеењето не им сметал ниту поројниот дожд, пренесуваат романските медиуми.

Во Букурешт вчера се случи библиски потоп, поради што беше пролонгиран дури и тренингот на нашите фудбалери, а и денеска временските услови, барем до сега, се идентични.

Но, ништо не ја спречува фалангата на лудува низ Букурешт, цивилизирано, а башка што ги освоија симпатиите на локалните жители. Видеото од атмосферата може да го погледнете ТУКА 

 

Share
Scroll to Top