„Медена земја“ меѓу 11. најдобри филмови на годината во Австралија

„Медена земја“ меѓу 11. најдобри филмови на годината во Австралија

пред 1 година

Документарниот филм „Медена земја“, на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, се најде на листата за најдобри филмови на годината во Австралија, според магазинот „Ејџ“. Филмот, кој имаше две номинации за Оскар, се најде на листата заедно со „1917“ на Сем Мендес, кој освои три Оскари и со еден од фаворитите за Оскар догодина, „Номадленд“ на режисерката Клое Жао.

„Можеби е изненадувачки фактот што документарен филм за пчеларство во Македонија може да биде еден од омилените филмови за оваа година, но овој ненаметлив портрет на средновечната Атиџе, нејзината стара мајка и номадското земјоделско семејство кое се населува до нив, е прикажан како епска приказна за борбата, претставена во извонредна минијатура. Режисерите Стефанов и Котевска поминале три години со Атиџе, достоинствена и привлечна личност која знае каде живеат дивите пчели и го зема само толку колку што ѝ е потребно. Нејзиниот нов сосед, Хусеин, сака да ѝ ја одземе земјата, тој не е негативец, но има семејство кое треба да го прехрани. Нивната комшиска кавга станува борба за самата Земја“, стои во рецензијата на магазинот „Ејџ“.

Листата на најдобри филмови за изминатава година ја направиле пет филмски критичари од „Хералд“ и „Ејџ“.

„Со оглед на тоа дека ништо не беше нормално во 2020 година, затоа и во нашиот избор има 11 филмови наредени по азбучен ред“, пишува весникот.

„Медена земја“ влезе во историјата на македонската и светската кинематографија со двете номинации за најдобар документарец и најдобар странски филм, но Оскарите во овие две категории во февруари годинава ги добија „Американска фабрика“ на Стивен Богнар и Џулија Рајнхард и „Паразит“ на јужнокорејскиот режисер Бонг Јон-хо.

Share

free anime. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime Dragon Ball Super (Dub) Episode 124

free anime 4Anime Death Note

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub) Episode 9

free anime online Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita.

Pokémon Journeys: The Series

Scroll to Top