"Ме зарази асимптоматски преносител и не ми јави да ми каже", лута Илина Арсова за борбата со корона

“Ме зарази асимптоматски преносител и не ми јави да ми каже”, лута Илина Арсова за борбата со корона

пред 3 години

Алипниската и сликарка Илина Арсова на својот Фејсбук профил го сподели своето исксутво со Ковид-19, потенцирајќи дека речиси година и пол ги почитувала сите препорачани мерки.

„Ме зарази асимптоматски преносител во Охрид, кој дури кога го доби својот позитивен резултат од пцр тест, не ми се јави да ми каже, туку јас од друга страна требаше да разберам. За најголема среќа и можеби божја воља вирусот не го бев предала на никој, што ми олесна“, ја започнува својата приказна.

„Ми препишаа десет дена изолација. Се чувствував добро, не дигнав температура, не кашлав многу, не се заморував по скали, се’ изгледаше добро освен првите три дена со симптоми на класична настинка (грло, крајници, течење нос и кивање). Една работа што беше многу интензивна беше психолошкото влијание на вирусот преку изразена депресија, несигурност, себе-обвинување. Додека седев во изолација и ги слушав работници што работат на улицата како киваат и кашлаат, знаев дека сигурно кај барем секој втор од нив се работи за ковид, а не за настинка. Но дали тие луѓе би можеле да си дозволат по 3-4000 денари за да направат тест, и уште едно чудо пари за додатни испитувања, набавка на витамини и суплементи? Или поедноставно и по евтино, ќе си продолжат со нормалната работа заразувајќи секој ден нови луѓе, од кои за жал многумина и не го преживеаа вирусот. Она што ми помогна да ја надминам, навидум благата форма на зараза беше: многу течности, многу витамини и суплементи и хомеопатски препарати“, продолжува.

Илина вели дека потешкотиите настанале кога решила да ги искачи сите врвови на Кожув во еден ден, некад на 18. ден по симптомите. Иако изминало повеќе од месец дена, сепак сè уште ги чувствува компликациите од пост-ковид синдромот и вели дека може истите да траат со месеци. Воедно, испраќа апел до сите да се чуваат и да не се плашат да споделуваат и да зборуваат за тоа, бидејќи така само можеме да си помогнеме.

„Не бидете дел од стадото со мозок колку кикиритка, што мисли дека ако не те дознаат, не било! Тоа е исто како да сте болен од сида и знаејќи го тоа легнувате со што повеќе партнери без да ги предупредите дека сте носител на смртоносна болест. Себично зарем не?“, завршува таа.

Share
Scroll to Top