Милица Тодоровиќ: Страв ми е дека за мене веќе е доцна за да станам мајка

Милица Тодоровиќ: Страв ми е дека за мене веќе е доцна за да станам мајка

пред 8 месеци

Српската пејачка Милица Тодоровиќ, која неодамна наполни 30 години, вели дека сака да стане мајка. Таа признава дека кога ќе ги види своите другарки или колешки омажени и со деца, си помислува дека за неа е веќе доцна.

„Во моментов сум сама, немам дечко, па затоа кога ќе седнам на кафе со пријателка што е мажена и со дете, ми се врти таа помисла во главата, дека одамна требаше и јас да се омажам и да родам дете. Честопати се прашувам дали можеби доцнам, дали згрешив што порано не размислував за ова. Но, тоа чувство проаѓа, па си велам дека сепак има време за љубов и деца, а што е мое ќе си дојде“, рекла Милица во интервју за „Стори“.

„Овие работи некако доаѓаат сами по себе и кога е време за тоа, односно кога судбината ги мести коцките за нас. Не велам дека треба да си легнам и да чекам работите да ми се случат сами. Но, факт е дека најголемиот дел од работата треба да ја заврши некоја повисока моќ. А што ќе ми донесе судбината, и дали некогаш ќе станам мајка, останува да видам“, додала пејачката.

Share

WCOStream wcostream dragon ball z: SK8 the Infinity (Dub) (https://wcostream.cc/m/aBYO) Episode 8

GoGoAnime watch anime free: Hige wo Soru. Soshite Joshikousei wo Hirou. Episode 2

Scroll to Top