Српскиот фолк-пејач Мирослав Илиќ на 18 март ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Со концертот тој ќе го одбележи златниот јубилеј, 50 години на музичката сцена.
Ова е прв концерт на Илиќ во Скопје по подолго време, а дел од регионалната турнеја, на која ќе ги испее најголемите хитови од изминатите педесет години.
Организатор на концертот е „Балкан медиа“, кои наскоро ќе објават детали за продажбата на билетите.