Поротата ми го врати животот, е првата изјава на актерот Џони Деп по судскиот спор против бившата сопруга Амбер Херд, која ја тужеше за клевета.
var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);
„Вистината никогаш не умира. Се надевам дека мојата потрага по вистината ќе им помогне на други, и мажи и жени, кои се најдоа во слична ситуација“, кажа Деп.
Животот на Деп, неговите деца и најблиски и луѓето околу него од пред шест години, кои многу години го поддржувале и верувале во него засекогаш се променил.
„Лажни, многу сериозни и криминални обвинувања беа направени кон мене во медиумите, кои покренаа бесконечна низа од содржина со карактер на омраза, иако никогаш официјално не бев обвинет. Веќе патуваше низ целиот свет, двапати во наносекунда и имаше сеизмичко влијание на мојот живот и мојата кариера. И шест години подоцна, поротата ми го врати животот. Навистина сум почестен. Мојата одлука да се борам на суд, знаејќи ја големината на легалните заплети со кои ќе се судрам и неизбежниот, светски спектакл во мојот живот, беше направена по сериозно размислување. Од самиот почеток, целта на овој случај беше да ја откријам вистината, без разлика на исходот. Вистината им ја должев на моите деца и сите кои останаа да ми бидат поддршка. Чувствувам мир конечно, знаејќи дека го постигнав тоа“, кажа Деп.
Поротата утврди дека изјавите на Херд за нивниот брак биле лажни и дека постапувала со злоба. Деп доби отштета од 15 милиони долари, а судијата го намали казнениот дел од отштетата на 350.000 долари, со што Деп вкупно ќе добие 10,4 милиони.
Џони Деп изминатите неколку дена покрај за судењето беше актуелен и со неговите настапи на концертите на гитаристот Џеф Бек, па и поради оваа причина не беше присутен на изрекувањето на пресудата.
Судската постапка ќе има и продолжение откако адвокатите на Херд најавија жалба.
View this post on Instagram