Не доаѓајте на погреб кај Марина, останете дома и слушајте ги нејзините песни, објави синот на Туцаковиќ

Не доаѓајте на погреб кај Марина, останете дома и слушајте ги нејзините песни, објави синот на Туцаковиќ

пред 3 години
Синот на Марина Туцаковиќ, Милан Радуловиќ, објави изјава од семејството на социјалните мрежи, во која се вели дека  датумот на погребот ќе се објави по викендот, а ќе се одржи во кругот на семејството и најблиските пријатели, почитувајќи ги сите епидемиолошки мерки.

„Со цел да ги испочитуваме нејзините последни желби и да ги заштитиме нашите најблиски од епидемијата, на ниво на семејство, решивме погребот да го одржиме исклучиво за најблискиот круг пријатели и роднини. Бројот на присутните во капелата нема да надмине 10, со задолжителен сертификат за вакцинација и почитување на сите мерки. Апелираме до сите што сакаа да присуствуваат на погребот да останат во своите домови, и да и оддадат почит на Марина слушајќи ги нејзините песни, и интимно да се збогуваат со неа. Комеморацијата ќе се одржи по 40 дена за пошироката јавност, за да може секој да се збогува со неа„, напша синот на Марина.

Марина Туцаковиќ, најпоуларниот српски текстописец, почина на 68 години, во неделата по долгата борба со ракот на градите. Состојбата се влоши уште повеќе откако Марина имаше и ковид, па итно беше пренсена во болница.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top