Не му дозволив да имаме орален секс, колку повеќе го одбивав толку повеќе го навлекував неговиот гнев: Селма Хаек за малтретирањето што го трпела од Вајнштајн

Не му дозволив да имаме орален секс, колку повеќе го одбивав толку повеќе го навлекував неговиот гнев: Селма Хаек за малтретирањето што го трпела од Вајнштајн

пред 3 години

Холивудската актерка Селма Хаек во 2017 година напиша текст во „Њујорк тајмс“ во кој детално опиша како продуцентот Харви Вајнштајн сексуално ја вознемирувал, а таа постојано му пружала отпор. Во интервју за „Гардијан“, таа сега повторно проговори за трауматичното искуство.

„Не му дозволував да се тушира со мене. Не му дозволував да ме гледа како се туширам. Не му дозволив да ме масира. Не му дозволив ниту на неговиот гол пријател да ме масира. Не му дозволив да имаме орален секс. Одбив да се соблечам со уште една жена. И со секое одбивање, го навлекував неговиот макијавелистички гнев“, напиша Селма во текстот пред 4 години.

Таа рече дека многу жени поминале полошо од неа и додаде дека до одредена мера таа го нормализирала неговото малтретирање, затоа што тоа било единствениот начин како можела да се носи со целата таа ситуација.

На крајот таа рече дека Вајнштајн ја уценувал да сними лезбиски сцени и да се соблече, затоа што никој не сакал да гледа облечени девојки.

„На крајот се тресев и тоа ме депремираше. Ме викаше по секое снимање на филмот Frida и ќе се дереше на мене: ‘Зошто имаш една веѓа и бркови? Не те најмив за да изгледаш грдо’. Постојано се прашував дали некогаш ја видел сликата на Фрида Кахло“, рече Халек.

„Никогаш не ме виде слаба. Не дека му се плашев, но тоа нема никогаш да го види од мене. Јас знам да бидам заплашувачка со својата смирена снага“, рече атерката и додаде дека Вајнстан не бил ни првиот ни последниот кој така се однесувал кон неа.

Актерката вели дека е убедена дека сè уште има мажи кои работат во Холоивуд, а кои ги малтретираат жените. Таа се надева дека во иднина таквото нивно однесување ќе престане.

Share
Scroll to Top