Никол Потуралски профитираше од врската со Бред Пит

Никол Потуралски профитираше од врската со Бред Пит

пред 6 месеци

Германскиот модел Никол Потуралски профитираше од кратката романса со холивудскиот актер Бред Пит. Според пишувањата на National Enquirer, за 27-годишната манекенка пораснал интересот во модните кругови веднаш откако таа се разделила од Бред Пит.

Медиумите пишуваат дека, иако Никол била позната веќе некое време во модните кругови, нејзиното име особено се проширило во светски размери, од пред неколку месеци, кога беше снимена во друштво на холивудскиот актер, кој е речиси три децении постар од неа.

Откако се прослави како нова девојка на славниот Бред Пит, Никол наводно добила двојно повеќе понуди за разни манекенски проекти, а се зголемил и износот кои разни брендови и агенции биле подготвени да го платат за  Никол да ги рекламира.

Сите брендови сакаат да покажат дека имаат ист вкус како и 56-годишниот актер. За романсата меѓу Бред и Никол почна да се зборува на крајот на август, кога двајцата беа снимени во Франција. Двајцата не се огласуваа јавно за наводната врска, а некои медиуми пишуваа дека чекаат и дете.

Но, пред десетина дена во светот одекна веста за нивната разделба. Бред и Никол прекинаа пред некое време. Нивната кратка врска никогаш не планираа да биде сериозна, откри на почетокот извор близок до Бред. Врската ја прекинаа неколку дена откако таа била видена со нејзиниот сопруг Роланд Мареј, со кого беше во отворена врска и со кого го има седумгодишниот син Емил.

Share

AnimeDao animedao re zero: How Not to Summon a Demon Lord Ω (https://animedao.nl/m/1zwN) Episode 2

AnimeHeaven animeheaven hunter x hunter: Watch Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 10

Scroll to Top