СОС Детско село, денес, по повод 1 ви Април денот на шегата заедно со својот стратешки партнер ИутеКредит под мото “ Носење маски може да биде забавно”, внесоа ведрина смеа и разиграност кај децата без родители и родителска грижа поддржани од СОС Детско Село.
Маскембалот се одржа во дворот на СОС Детско Село каде што се забавуваа 50 деца без родители и родителска грижа под строго контролирани услови и протоколи на отворено во дворот на СОС Детско село каде што за детските насмевки се погрижи тимот на ИутеКредит, кој обезбеди фото бут со голем број на реквизити со кои се забавуваа децата и се направија фотографии кои ќе можат да ги веселат во наредните денови.
Живеењето и работењето во 2020 и 2021 година, во услови на светска пандемија, не засегна сите. И професионално и приватно и допре во секоја сфера на нашето живеење. A најмногу во клетката на нашето живеење – нашите семејства, нашите блиски и нашите колеги. За СОС Детско Село приоритет се над 590 деца, млади и семејства на кои им треба нашата и вашата помош и поддршка.
Денес со ИутеКредит преку интерактивни активности внесовме ведрина, смеа и разиграност кај децата без родители и родителска грижа поддржани од СОС Детско Село.
Активното учество во опшеството е една од нашите вредности, и сакаме со личен белег да придонесеме за квалитетот на живеењето на младите. Посебно во услови на социјална дистанца, менталното здравје е она на кое треба да се посвети особено внимание, оваа година а можеби и следната. А преку смеа и ведар дух сме еден чекор поблиску кон подобрување на менталното здравје. Се надеваме дека успеавме да направивме нешто интересно и носењето маски да го претворивме во забава. Изјави Елена Глигоровска Дирекор за корисничко искуство во ИутеКредит.