Од корона почина Том Мур, 100-годишниот воен ветеран што собра 33 милиони фунти за здравствените работници во борбата против Ковид-19

Од корона почина Том Мур, 100-годишниот воен ветеран што собра 33 милиони фунти за здравствените работници во борбата против Ковид-19

пред 4 години

100-годишниот воен ветеран Том Мур, кој лани собра 33 милиони фунти за британските здравствени работници, почина од коронавирус. Тој пред неколку дена беше примен во болница поради проблеми со дишењето. Бидејќи изминатите недели се лекуваше од пневмонија, не можеше да прими вакцина против Ковид-19, кажа неговата ќерка Хана за британските медиуми.

„Со голема тага ја објавуваме веста за смртта на нашиот драг татко, капетанот Сер Том Мур. Благодарни сме што бевме со него во последните часови од неговиот живот. Со часови разговаравме со него, сеќавајќи се на нашето детство и на нашата прекрасна мајка. Делевме смеа и солзи. Тој беше неверојатен татко и дедо и ќе остане жив засекогаш во нашите срца“, рекоа неговите ќерки Хана и Луси.

Мур ги освои симпатиите на јавноста во Велика Британија, но и во целиот све откако почна хуманитарна акција за поддржка на Британската здравствена служба. Тој што планираше да изоди 100 кругови во својата градина до неговиот 100. роденден. Иако целта му беше да собере 1.000 фунти, но крајниот капетанот Мур собра речиси 33 милиони фунти.

По ова, кралицата Елизабета вонредно му ја додели витешката титула Сер.

Share
Scroll to Top