Од рак почина актерката Џосара Џинаро

Од рак почина актерката Џосара Џинаро

пред 2 години

Актерка Џосара Џинаро, најпозната по улогата во серијата „Ургентен центар“, почина на 48 години по долга и тешка битка со ракот. Веста за нејзината смрт ја потврди нејзиниот сопруг на официјалната фејсбук-страница на Џинаро.

dobivaj vesti na viber

„Со голема тага објавувам дека мојата сопруга Џосара Џинаро почина на 27 април 2022 година. Џосара храбро се бореше со ракот и се врати дома за да биде опкружена со своето семејство. Таа беше неверојатна сопруга, мајка, уметник и пријателка. Имаше најубава, љубезна душа и не прифаќаше ‘не’ како одговор. И во последните моменти сè уште се мачеше. Сега почива во мир и ќе биде запаметена засекогаш. Мене, на Лиам и Емрис многу ќе ми недостига, иако знаеме дека таа е во нашите срца и нè води на секој чекор“, стои во објавата.

Џосара имаше долга холивудска кариера, а глумеше во многу телевизиски серии како што се „Ургентен центар“, „Судијката Ејми“, „Силни лекови“ и други.

Share
Scroll to Top